1 Коринтјаните 6 MK2006D

За споровите пред суд

1 Дали некој од вас, кога има спор против друг, би се осмелил да се суди пред неправедни, а не пред светии?

2 Не знаете ли дека светиите ќе го су­дат светот? Ако, пак, вие го судите светот, не сте ли достојни да судите за по­мали работи?

3 Не знаете ли дека ангели ќе судиме, а не, пак, она секојдневното?

4 А кога имате спор за работи од овој свет, за судии земете ги оние кои од црквата се сметаат за безначајни!

5 За ваш срам велам: зарем меѓу вас нема мудар, кој може да расуди меѓу браќата свои?

6 Туку брат со братот се суди, и тоа пред неверници!

7 Многу срамно е веќе тоа и за вас што имате спорови меѓу себе. Зошто поскоро не трпите неправда? Зошто поскоро не ја претрпите штетата?

8 Но вие сами навредувате и нанесува­те неправда и ограбувате, и тоа браќата свои.

9 Или не знаете дека неправедните не­ма да го наследат царството Божјо? Не лажете се: ни блудниците, ниту идоло­поклониците, ни ракоблудците, ни ма­желожниците,

10 ниту крадците, ни користољупците, ни пијаниците, ниту хулниците, ни раз­бојниците нема да го наследат царството Божјо.

11 А такви беа и некои од вас; но се измивте, се осветивте, се оправдавте во името на нашиот Господ Исус Христос преку Духот на нашиот Бог.

Прославете Го Бога во своето тело

12 „Сѐ ми е допуштено!“ Но не е сѐ по­лезно: „Сѐ ми е допуштено!“ Но ништо не сакам да завладее над мене.

13 Храната е за стомакот, а стомакот за храната; но Бог и неа и него ќе ги уништи. Телото, пак, не е за блудство, а за Господ, а Господ – за телото.

14 А Бог и Господа Го воскресна, и нас ќе нѐ воскресне со силата Своја.

15 Зар не знаете дека телата ваши се делови од Христа? Ќе ги земам ли де­ловите од Христа и да ги направам де­лови на блудница? Тоа никако!

16 Или, пак, не знаете дека оној, кој со блудница се соединува, станува едно те­ло со неа? Зашто е речено: „Обата ќе бидат едно тело.“

17 А кој се соединува со Господ, еден дух е со Него.

18 Бегајте од блудството! Секој грев, што го прави човекот, е надвор од телото, а блудникот греши против своето тело.

19 Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој живее во вас и ни е даден од Бога и дека не при­па­ѓа­те само на себе?

20 Зашто скапо сте платени. Затоа прославете Го Бога во своите тела и во своите души, кои се Божји.

поглавја

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16