1 Коринтјаните 5 MK2006D

Разврат во црквата

1 Од секаде се слуша дека кај вас има блудство и тоа какво што нема дури ни кај незнабошците, односно дека некој држи таткова жена.

2 А вие уште се гордеете, место да плачете. Нека се исфрли од вашата средина оној што го направил тоа дело.

3 Јас, пак, иако со телото не сум кај вас, а само со духот, веќе го осудив, ка­ко да сум меѓу вас, оној што го направил тоа.

4 Во името на нашиот Господ Исус Христос, кога ќе се соберете вие и мојот дух, со силата на нашиот Господ Исус Христос,

5 да го предадете на сатаната, за по­гу­бување на неговото тело, та духот негов да биде спасен во денот на нашиот Гос­под Исус.

6 Вашето фалење не е добро. Не зна­ете ли дека малку квас го потквасува целото тесто?

7 Затоа, исчистете го стариот квас, та да бидете ново тесто, како што сте бесквасни; зашто Христос, Пасхата наша, беше жртвувана за нас.

8 Па да празнуваме не со стар квас, ниту со квас од злоба и лукавство, туку со пресни лебови во чистота и вистина.

9 Ви пишав во писмото свое – да не се мешате со луѓе што блудствуваат,

10 но не и воопшто со блудниците од овој свет, или со користољупци, или со грабачи, или со идолопоклоници, заш­то, инаку, би требало да излезете од овој свет.

11 Но сега ви пишувам да не се дру­жи­те со оној кој, нарекувајќи се брат, си останува блудник, или користољубец, или идолопоклоник, или хулник, или пијаница, или грабач; со таков дури и да не јадете.

12 Затоа, дали треба јас да ги судам надворешните? Нели ги судите вие внатрешните?

13 Надворешните, пак, ќе ги суди Бог, а вие исфрлете го лошиот меѓу вас.

поглавја

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16