1 Коринтјаните 16 MK2006D

Милостиви дарови за помош на браќата во Ерусалим

1 А што се однесува до собира­ње­то милостина за светиите, пра­вете и вие онака, како што одредив по црквите во Галатија;

2 во секој прв ден од седмицата секој од вас да оддели и остави кај себе колку што може, така што собирањето да не се врши кога ќе дојдам.

3 А кога ќе дојдам, оние што ќе ги одобрите, нив со писма ќе ги испратам, за да го однесат вашиот дар во Еруса­лим.

4 Ако, пак, е потребно да отидам и јас, тогаш ќе појдат со мене.

Плановите на Павле

5 Ќе дојдам кај вас, откако ќе ја поминам Македонија, зашто низ Македонија само ќе минам.

6 А можеби кај вас и ќе се задржам, па дури и да презимувам, та вие да ме придружувате насекаде, каде што ќе одам.

7 Зашто не сакам сега веќе да ве ви­дам само патем; а се надевам, ако до­пушти Господ, меѓу вас да поминам некое време.

8 А во Ефес ќе останам до Пе­де­сет­ни­ца,

9 зашто за мене се отвори голема и за работа погодна врата, а противници има многу.

10 Ако, пак, дојде Тимотеј, гледајте меѓу вас да биде безбеден; зашто тој го извршува делото Господово како и јас.

11 Никој да не го презира, туку испра­тете го во мир, та да дојде кај мене, зашто го очекувам со браќата.

12 А што се однесува до братот Аполос, многу го молев да дојде кај вас со браќата; но, навистина, не сакаше се­га да дојде, а ќе дојде, кога ќе биде по­годно.

Последни препораки и поздрави

13 Бидете бодри, стојте во верата, држете се машки, бидете крепки;

14 Секое ваше дело нека биде во љу­бов.

15 Ве молам уште, браќа: знајте дека домот на Стефанин е првиот плод на Ахаја и дека се определи да им служи на светиите.

16 Покорувајте им се и вие на такви и на секого, што соработува и се труди!

17 Се радувам што дојдоа Стефанин, Фортунат и Ахаик: тие го пополнија ва­шето отсуство,

18 зашто го успокоија духот мој и ваш. Почитувајте ги таквите!

19 Ве поздравуваат црквите од Азија; многу ве поздравуваат Акила и Прис­кила со својата домашна црква.

20 Ве поздравуваат сите браќа. Поз­дравете се еден со друг со свет целив!

21 Ве поздравувам јас, Павле, своерач­но.

22 А оној што не Го љуби Господ Исус Христос, нека биде проклет, Маран – ата.

23 Благодатта на Господ Исус нека биде со вас,

24 и љубовта моја со сите вас во Хрис­тос Исус.

поглавја

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16