15 Ви зборувам како на разумни: расудете сами за ова што ви го кажувам,
16 Чашата на благословот, која ја благословуваме, не е ли заедништво со крвта Христова? Лебот, што го кршиме, не е ли заедништво со телото Христово?
17 Бидејќи лебот е само еден, едно тело сме ние многуте, зашто сите сме причесници од еден леб.
18 Гледајте го Израил според телото: оние што јадат од жртвите, не се ли причесници со жртвеникот?
19 А што да кажам? Дека идолските жртви се нешто, или дека идолот е нешто?
20 Не! Но она што го принесуваат незнабошците како жртва, го принесуваат на демони, а не на Бога; јас, пак, не сакам да бидете во заедништво со демоните.
21 Не можете да пиете од Господовата чаша и од чашата на демоните; не можете да учествувате на Господовата трпеза и на трпеза на демоните.