21 Не можете да пиете од Господовата чаша и од чашата на демоните; не можете да учествувате на Господовата трпеза и на трпеза на демоните.
22 Дали, пак, ќе побудиме завист во Господ? Та посилни ли сме од Него?
23 „Сѐ е допуштено!“ Но не е сѐ полезно: „Сѐ е допуштено!“ Но сѐ не се наградува.
24 Никој нека не ја бара својата лична полза, туку ползата на другиот.
25 Сѐ што се продава на пазар, јадете без какво и да било испитување поради совеста;
26 зашто „Господова е земјата и она што ја исполнува.“
27 Ако ве покани некој од безверните и вие посакате да одите, јадете сѐ што ќе ви изнесат, без никакво испитување поради совеста.