24 Никој нека не ја бара својата лична полза, туку ползата на другиот.
25 Сѐ што се продава на пазар, јадете без какво и да било испитување поради совеста;
26 зашто „Господова е земјата и она што ја исполнува.“
27 Ако ве покани некој од безверните и вие посакате да одите, јадете сѐ што ќе ви изнесат, без никакво испитување поради совеста.
28 Но, ако некој ви рече: тоа е идолска жртва, не јадете – заради оној што ви го рекол тоа, и поради совеста. Зашто „Господова е земјата и она што ја исполнува.“
29 Но не зборувам за совеста твоја, туку на друг; зошто мојата слобода да биде судена од туѓа совест?
30 Ако, пак, во јадењето учествувам со благодарност, зошто да бидам хулен поради тоа, за кое благодарам?