27 Ако ве покани некој од безверните и вие посакате да одите, јадете сѐ што ќе ви изнесат, без никакво испитување поради совеста.
28 Но, ако некој ви рече: тоа е идолска жртва, не јадете – заради оној што ви го рекол тоа, и поради совеста. Зашто „Господова е земјата и она што ја исполнува.“
29 Но не зборувам за совеста твоја, туку на друг; зошто мојата слобода да биде судена од туѓа совест?
30 Ако, пак, во јадењето учествувам со благодарност, зошто да бидам хулен поради тоа, за кое благодарам?
31 И така било да јадете, или да пиете, или нешто друго да правите, сето тоа правете го за слава Божја.
32 Не станувајте соблазна ни за Јудејците, ни за Елините, ниту за црквата Божја,
33 како што и јас им угодувам на сите во сѐ и не ја барам својата полза, туку ползата на мнозина, за да бидат спасени.