3 и сите јадеа иста духовна храна;
4 и сите пиеја исто духовно пиење; зашто пиеја од духовната карпа, што ги придружуваше; а таа карпа беше Христос.
5 Но повеќето од нив не беа по волјата Божја, затоа загинаа во пустината.
6 А тоа беа примери за нас, за да не бидеме похотливи по злото, како што тие беа похотливи.
7 Не бидете ниту идолослужители, како некои од нив, за кои е напишано: „Народот седна да јаде и да пие, па стана да игра.“
8 И да не блудничиме, како некои од нив што блудничеа, и во еден ден загинаа дваесет и три илјади.
9 И да не Го искушуваме Христос, како што некои од нив Го искушуваа, и загинаа од змии.