10 Затоа жената треба да има на главата свој знак од власта на мажот над неа поради ангелите.
11 Па сепак, ниту жена е без маж, ниту маж е без жена во Господ.
12 Зашто, како што е жената од мажот, така е и мажот преку жената; а сѐ е од Бога.
13 Просудете сами во себе: доликува ли жена да Му се моли на Бога гологлава?
14 Нели и самата природа ве учи дека е срамно за мажот да има долга коса?
15 Но, ако жената си ја остави косата, тоа е украс за неа, бидејќи косата ѝ е дадена место превез.
16 Но, ако некој сака да се препира, ние немаме таков обичај, ниту црквите Божји.