16 Но, ако некој сака да се препира, ние немаме таков обичај, ниту црквите Божји.
17 А заповедајќи ви го ова, не можам да ве пофалам дека за подобро, туку за полошо се собирате.
18 Прво, пак, слушам дека, кога се собирате в црква, се појавуваат расколи меѓу вас, во што делумно верувам.
19 А потребно е меѓу вас да има и разделувања, за да се истакнат подостојните меѓу вас.
20 Но, кога се собирате така заедно, тоа не значи дека јадете вечера Господова:
21 зашто на јадењето секој брза да ја земе својата вечера пред другите, така што еден останува гладен, а друг се опива.
22 Немате ли куќи за да јадете и пиете? Или ја презирате црквата Божја и ги срамотите оние, што не се имотни? Што да ви речам? Да ве пофалам ли за тоа? Не пофалувам!