19 А потребно е меѓу вас да има и разделувања, за да се истакнат подостојните меѓу вас.
20 Но, кога се собирате така заедно, тоа не значи дека јадете вечера Господова:
21 зашто на јадењето секој брза да ја земе својата вечера пред другите, така што еден останува гладен, а друг се опива.
22 Немате ли куќи за да јадете и пиете? Или ја презирате црквата Божја и ги срамотите оние, што не се имотни? Што да ви речам? Да ве пофалам ли за тоа? Не пофалувам!
23 А јас го примив од Господ она, што ви го предадов; а тоа е дека Господ Исус онаа ноќ, кога Го предадоа, зеде леб,
24 и, откако заблагодари, го прекрши и рече: „Земете, јадете, ова е телото Мое, кое се крши за вас, правете го ова за спомен Мој!“
25 По вечерата, исто така, зеде и чаша, па рече: „Оваа чаша е Новиот завет во Мојата крв; ова правете го, кога ќе пиете за Мој спомен!“