28 Но, секој човек да се испита самиот себе и потоа да јаде од овој леб и да пие од оваа чаша.
29 Зашто, кој јаде и пие недостојно, тој го јаде и пие своето осудување, бидејќи не го разликува телото Господово.
30 Па затоа меѓу вас има многу немоќни и нејаки, а мнозина и умираат.
31 Зашто, ако бевме се испитувале сами себе, тогаш немаше да бидеме осудени.
32 Но судејќи нѐ, Господ нѐ превоспитува, за да не бидеме осудени заедно со светот.
33 Затоа, браќа мои, кога се собирате на јадење, дочекувајте се еден со друг.
34 Ако е, пак, некој гладен, нека јаде дома, за да не се собирате за осуда. А другото ќе го наредам, кога ќе дојдам.