1 А за духовните дарови, не сакам, браќа, да не знаете.
2 Знаете дека, кога бевте незнабошци, се влечевте кај немите идоли, како да ве водеа.
3 Затоа ви давам на знаење дека никој, кој зборува преку Божјиот Дух, не вели: „Проклет да е Исус!“, и никој не може да каже: „Исус е Господ!“, освен преку Светиот Дух.
4 Постојат разни дарби, но Духот е еден и ист;
5 има разни служби, но Господ е еден и ист;
6 и разни дејства постојат, но Бог е еден и ист, Кој извршува сѐ во сите.
7 А на секого му се дава во него да се пројави Духот за полза;