17 Ако целото тело би било око, тогаш каде ќе е слухот? Кога целото би било слух, тогаш каде е мирисот?
18 Но Бог ги наредил деловите, секој од нив во телото така, како што посакал.
19 Ако сите тие би биле само еден дел, тогаш каде е телото?
20 А сега се, пак, многу делови, но сепак едно тело.
21 И не може окото да ѝ рече на раката: „Не си ми потребна“, ниту, пак, главата на нозете: „Не сте ми потребни“.
22 Напротив, оние делови од телото, кои ни изгледаат послаби, се многу попотребни;
23 и на оние делови на телото, за кои сметаме дека се помалку чесни, им оддаваме повеќе почит; и нашите срамни делови добиваат поголема пристојност.