22 Напротив, оние делови од телото, кои ни изгледаат послаби, се многу попотребни;
23 и на оние делови на телото, за кои сметаме дека се помалку чесни, им оддаваме повеќе почит; и нашите срамни делови добиваат поголема пристојност.
24 Пристојните, пак, делови немаат потреба од чест. Но Бог го составил телото така, што им дал изобилна почит, на органите што ја немаат.
25 За да нема раздори во телото, но деловите подеднакво да се грижат едни за други.
26 А кога страда еден дел, тогаш страдаат сите делови; и кога се слави еден од деловите, тогаш со него се радуваат сите делови.
27 Вие сте телото Христово, а поодделно – членови.
28 И некои од вас Бог постави во Црквата: прво за апостоли, второ за пророци, трето за учители; потоа даде дарби за чудеса и исцелување; па за помагање, за управување и за зборување на разни јазици.