26 А кога страда еден дел, тогаш страдаат сите делови; и кога се слави еден од деловите, тогаш со него се радуваат сите делови.
27 Вие сте телото Христово, а поодделно – членови.
28 И некои од вас Бог постави во Црквата: прво за апостоли, второ за пророци, трето за учители; потоа даде дарби за чудеса и исцелување; па за помагање, за управување и за зборување на разни јазици.
29 Та сите ли се апостоли? Сите ли се пророци? Сите ли се учители? Сите ли се чудотворци?
30 Сите ли имаат дарба да лекуваат? Сите ли зборуваат на разни јазици? Сите ли се толкувачи?
31 Стремете се кон поголеми дарби. А сега ви покажувам еден многу повозвишен пат: