8 зашто, на еден му се дава преку Духот да зборува со мудрост, на друг – да зборува знаење, преку истиот Дух;
9 на еден – вера, преку истиот Дух; на друг – дарби за лекување, преку истиот Дух;
10 на друг – чудотворства, на друг – да пророкува, на друг – да ги разликува духовите, на друг – разни јазици, на друг – да толкува јазици.
11 Сето ова го прави еден и ист Дух, распределувајќи секому поодделно, како што сака.
12 И како што е телото едно, а има многу делови, и сите делови од тоа тело, па колку и да се тие, едно тело се, – така и Христос.
13 Зашто преку еден Дух сме крстени сите во едно тело – било Јудејци или Елини, било робови или слободни; и сите сме со еден Дух напоени.
14 Зашто и телото не се состои само од еден дел, туку од многу.