3 И да го раздадам целиот свој имот, да го предадам телото да ми изгори, – штом љубов немам, ништо не ми користи.
4 Љубовта е великодушна, полна со добрина, љубовта не завидува, љубовта не се превознесува, не е горделива,
5 не е непристојна, не бара свое, не се срди, не памти зло,
6 не се радува на неправда, туку се радува на вистина,
7 сѐ покрива, во сѐ верува, на сѐ се надева, сѐ поднесува.
8 Љубовта никогаш не пропаѓа. А пророкувањата? Ќе минат. Јазиците? Ќе замолкнат. Знаењето? Ќе исчезне.
9 Зашто само делумно спознаваме и само делумно пророкуваме;