7 сѐ покрива, во сѐ верува, на сѐ се надева, сѐ поднесува.
8 Љубовта никогаш не пропаѓа. А пророкувањата? Ќе минат. Јазиците? Ќе замолкнат. Знаењето? Ќе исчезне.
9 Зашто само делумно спознаваме и само делумно пророкуваме;
10 а кога ќе дојде совршеното, тогаш ќе исчезне делумното.
11 Кога бев дете, зборував како дете, како дете мислев, како дете размислував; а кога станав маж, го оставив детското.
12 Сега гледаме како низ огледало, нејасно, а тогаш – лице в лице; сега спознавам делумно, а тогаш ќе спознаам совршено како што и сум спознаен.
13 А сега остануваат овие три работи: верата, надежта и љубовта; најголема меѓу нив е љубовта.