14 Зашто, ако се молам на друг јазик, се моли мојот дух; умот, пак, мој останува бесплоден.
15 Па што да се прави? Ќе Му се молам со дух, ќе се молам и со ум; ќе Го воспевам Бога со дух, ќе Му пеам со ум.
16 Зашто, ако благословуваш со дух, како ќе рече „амин!“ на твоето благодарење простиот човек, кога не разбира што велиш?
17 Ти благодариш убаво, но другиот не се надградува.
18 Му благодарам на Мојот Бог, зашто зборувам на други јазици повеќе од сите вас;
19 но в црква повеќе сакам да кажам пет зборови разбирливи, за да поучам и други, отколку илјадници зборови на непознат јазик.
20 Браќа, по умот немојте да бидете како деца; за злото бидете како дечиња, а по умот зрели.