16 Зашто, ако благословуваш со дух, како ќе рече „амин!“ на твоето благодарење простиот човек, кога не разбира што велиш?
17 Ти благодариш убаво, но другиот не се надградува.
18 Му благодарам на Мојот Бог, зашто зборувам на други јазици повеќе од сите вас;
19 но в црква повеќе сакам да кажам пет зборови разбирливи, за да поучам и други, отколку илјадници зборови на непознат јазик.
20 Браќа, по умот немојте да бидете како деца; за злото бидете како дечиња, а по умот зрели.
21 Во Законот е напишано: „На други јазици и со друга уста ќе му зборувам на овој народ, но и така нема да Ме послуша, вели Господ.“
22 Затоа јазиците не се знак за оние што поверувале, туку за оние што не поверувале; пророкувањата, пак, не се за оние што не веруваат, туку за оние што веруваат.