23 Ако, пак, целата Црква се собере на едно место и сите почнат да зборуваат на непознати јазици, а дојдат и прости луѓе или безверници, нема ли да речат дека сте полуделе?
24 Но, ако сите пророкуваат, а дојде некој прост човек или безверник, него сите ќе го обвинат и сите ќе го осудат,
25 така што тајните на срцето ќе му се откријат, и тој, ќе падне на колена, ќе Му се поклони на Бога и ќе рече: „Навистина, Бог е во вас.“
26 Па што, браќа? Кога ќе се собирате, и секој од вас има – кој псалм, кој поука, кој јазик, кој откровение, кој толкување, – сѐ нека биде за надградување.
27 Ако некои зборуваат на непознат јазик, двајца или најмногу тројца, нека зборуваат по ред, а еден да толкува.
28 Ако пак, нема толкувач, тогаш в црква да молчат, а нека си зборуваат во себе и на Бога.
29 Пророците, пак, да зборуваат двајца или тројца, а другите да расудуваат.