27 Ако некои зборуваат на непознат јазик, двајца или најмногу тројца, нека зборуваат по ред, а еден да толкува.
28 Ако пак, нема толкувач, тогаш в црква да молчат, а нека си зборуваат во себе и на Бога.
29 Пророците, пак, да зборуваат двајца или тројца, а другите да расудуваат.
30 Но, ако на некој друг што седи му дојде откровение, тогаш првиот нека замолчи.
31 И така, еден по друг можете сите да пророкувате, та сите да се поучувате и сите да се охрабрувате.
32 И пророчките духови им се покоруваат на пророците;
33 зашто Бог не е Бог на безредие, туку на мирот. Како што е по сите цркви меѓу светиите,