34 жените ваши по црквите да молчат: ним не им е допуштено да зборуваат, туку да се потчинуваат, како што вели и Законот.
35 Ако, пак, сакаат да научат нешто, нека ги прашаат мажите свои дома; зашто срамно е жена в црква да зборува.
36 Зар од вас излезе словото Божјо? Или, пак, само до вас стигна?
37 Ако некој мисли дека е пророк или надарен со дух, нека знае дека ова што ви го пишувам е заповед Господова.
38 А кој не разбира, нека не разбира.
39 И така, браќа, настојувајте да пророкувате, но не забранувајте да се зборува и на други јазици.
40 Сѐ нека биде достојно и уредно.