8 Зашто, ако трубата не дава разбирлив глас, тогаш кој ќе се готви за битка?
9 Така и вие, ако со јазикот свој не изговарате разбирливи зборови, како ќе се разбере она што го зборувате? Ќе бидете како оние кои говорат во ветер.
10 Во светот има којзнае колку разни гласови, и ниеден од нив не е без значење.
11 Ако, пак, не го разбирам значењето на тие гласови, тогаш за оној што зборува ќе бидам туѓинец, а и тој за мене туѓинец.
12 Така и вие, бидејќи сте ревнители за духовни дарови, грижете се да ги добиете во изобилство, за надградување на Црквата.
13 Затоа, оној што зборува на друг јазик, нека се моли за дар да може да го толкува.
14 Зашто, ако се молам на друг јазик, се моли мојот дух; умот, пак, мој останува бесплоден.