1 А што се однесува до собирањето милостина за светиите, правете и вие онака, како што одредив по црквите во Галатија;
2 во секој прв ден од седмицата секој од вас да оддели и остави кај себе колку што може, така што собирањето да не се врши кога ќе дојдам.
3 А кога ќе дојдам, оние што ќе ги одобрите, нив со писма ќе ги испратам, за да го однесат вашиот дар во Ерусалим.
4 Ако, пак, е потребно да отидам и јас, тогаш ќе појдат со мене.
5 Ќе дојдам кај вас, откако ќе ја поминам Македонија, зашто низ Македонија само ќе минам.