13 Бидете бодри, стојте во верата, држете се машки, бидете крепки;
14 Секое ваше дело нека биде во љубов.
15 Ве молам уште, браќа: знајте дека домот на Стефанин е првиот плод на Ахаја и дека се определи да им служи на светиите.
16 Покорувајте им се и вие на такви и на секого, што соработува и се труди!
17 Се радувам што дојдоа Стефанин, Фортунат и Ахаик: тие го пополнија вашето отсуство,
18 зашто го успокоија духот мој и ваш. Почитувајте ги таквите!
19 Ве поздравуваат црквите од Азија; многу ве поздравуваат Акила и Прискила со својата домашна црква.