5 Ќе дојдам кај вас, откако ќе ја поминам Македонија, зашто низ Македонија само ќе минам.
6 А можеби кај вас и ќе се задржам, па дури и да презимувам, та вие да ме придружувате насекаде, каде што ќе одам.
7 Зашто не сакам сега веќе да ве видам само патем; а се надевам, ако допушти Господ, меѓу вас да поминам некое време.
8 А во Ефес ќе останам до Педесетница,
9 зашто за мене се отвори голема и за работа погодна врата, а противници има многу.
10 Ако, пак, дојде Тимотеј, гледајте меѓу вас да биде безбеден; зашто тој го извршува делото Господово како и јас.
11 Никој да не го презира, туку испратете го во мир, та да дојде кај мене, зашто го очекувам со браќата.