9 зашто за мене се отвори голема и за работа погодна врата, а противници има многу.
10 Ако, пак, дојде Тимотеј, гледајте меѓу вас да биде безбеден; зашто тој го извршува делото Господово како и јас.
11 Никој да не го презира, туку испратете го во мир, та да дојде кај мене, зашто го очекувам со браќата.
12 А што се однесува до братот Аполос, многу го молев да дојде кај вас со браќата; но, навистина, не сакаше сега да дојде, а ќе дојде, кога ќе биде погодно.
13 Бидете бодри, стојте во верата, држете се машки, бидете крепки;
14 Секое ваше дело нека биде во љубов.
15 Ве молам уште, браќа: знајте дека домот на Стефанин е првиот плод на Ахаја и дека се определи да им служи на светиите.