1 И јас, браќа, кога дојдов кај вас, не дојдов да ви го соопштам Божјото сведоштво со возвишена беседа или мудрост,
2 бидејќи бев решил да не знам меѓу вас ништо друго освен за Исус Христос, и тоа – Распнатиот.
3 И јас пристапив меѓу вас со немоќ, и страв, и со голема растрепереност.
4 И словото мое, и проповедта моја, не се состоеше од уверливи зборови на човечка мудрост, туку во покажувањето на Духот и силата,
5 та верата ваша да не почива на човечката мудрост, туку на силата Божја.