3 И јас пристапив меѓу вас со немоќ, и страв, и со голема растрепереност.
4 И словото мое, и проповедта моја, не се состоеше од уверливи зборови на човечка мудрост, туку во покажувањето на Духот и силата,
5 та верата ваша да не почива на човечката мудрост, туку на силата Божја.
6 Ние сепак ја проповедаме мудроста меѓу совршените, но не мудроста од овој свет, ниту, пак, онаа на владетелите на овој свет, кои се минливи,
7 туку ја проповедаме Божјата мудрост, сокриена во таинство, која Бог ја предодредил уште пред вековите за наша слава,
8 која никој од владетелите на овој свет не ја спознал; зашто, ако ја беа спознале, тогаш немаше да Го распнат Господа на славата.
9 Но, како што е напишано: „Она што око не видело, уво не чуло, ниту на човек на ум му дошло, тоа Бог го приготвил за оние кои Го љубат.“