1 И така, секој човек нека нѐ смета нас за служители Христови и управници на Божјите таинства,
2 а од управниците понатаму се бара секој од нив да се покаже верен.
3 За мене ништо не значи да бидам суден од вас, или од судот на другите луѓе; јас и самиот не се судам себе,
4 зашто во ништо не се чувствувам виновен; но со тоа не сум оправдан: судија ми е Господ.