16 Затоа, ве молам, бидете мои подражаватели, како што сум јас на Христа!
17 Браќа, затоа го пратив кај вас Тимотеј, кој ми е возљубено и верно чедо во Господ; тој ќе ви ги напомни патиштата мои во Христос, како што учам насекаде и во секоја црква.
18 Некои се возгордееја, како да не ќе дојдам кај вас;
19 но наскоро ќе дојдам кај вас, ако сака Господ, и ќе ги познаам не зборовите, туку силата на оние што се возгордеале,
20 зашто царството Божјо не е во зборови, туку во сила.
21 Што сакате? Со стап ли да дојдам кај вас, или со љубов и кроток дух?