2 а од управниците понатаму се бара секој од нив да се покаже верен.
3 За мене ништо не значи да бидам суден од вас, или од судот на другите луѓе; јас и самиот не се судам себе,
4 зашто во ништо не се чувствувам виновен; но со тоа не сум оправдан: судија ми е Господ.
5 Затоа, пак, не судете ништо предвреме, додека не дојде Господ, Кој ќе го изнесе на видело сокриеното во мракот и ќе ги објави намерите на срцата; и тогаш секој ќе прими пофалба од Бога.
6 Ова браќа го применив на себе и на Аполос заради вас, за да се поучите од нас на онаа изрека: „Не мудрувајте повеќе од она што е напишано“, и да не се гордеете еден пред друг поради некого.
7 Зашто, кој ти дава предимство? Што имаш, што не си примил? А штом си примил, зошто се фалиш, како да не си примил?
8 Презаситени сте веќе, се збогативте веќе и се зацаривте без нас; камо среќа да се бевте зацариле, та и ние да царуваме со вас!