1 Коринтјаните 4:6-12 MK2006D

6 Ова браќа го применив на себе и на Аполос заради вас, за да се поучите од нас на онаа изрека: „Не мудрувајте повеќе од она што е напишано“, и да не се гордеете еден пред друг поради некого.

7 Зашто, кој ти дава предимство? Што имаш, што не си примил? А штом си примил, зошто се фалиш, како да не си примил?

8 Презаситени сте веќе, се збогативте веќе и се зацаривте без нас; камо среќа да се бевте зацариле, та и ние да царуваме со вас!

9 Мислам дека нас апостолите Бог нѐ прикажа најпоследни, како осудени на смрт, бидејќи станавме глетка за светот – на ангелите и на луѓето.

10 Ние сме безумни заради Христа, а вие сте мудри во Христа; ние сме не­моќни, а вие сте силни; вие сте славни, а ние бесчесни.

11 До овој час ние и гладуваме, и жеднееме, и необлечени одиме, нѐ бијат и скитаме по светов,

12 се трудиме, работејќи со свои раце. Кога нѐ проколнуваат, ние благословуваме, а кога нѐ гонат – трпиме;