1 Од секаде се слуша дека кај вас има блудство и тоа какво што нема дури ни кај незнабошците, односно дека некој држи таткова жена.
2 А вие уште се гордеете, место да плачете. Нека се исфрли од вашата средина оној што го направил тоа дело.
3 Јас, пак, иако со телото не сум кај вас, а само со духот, веќе го осудив, како да сум меѓу вас, оној што го направил тоа.
4 Во името на нашиот Господ Исус Христос, кога ќе се соберете вие и мојот дух, со силата на нашиот Господ Исус Христос,
5 да го предадете на сатаната, за погубување на неговото тело, та духот негов да биде спасен во денот на нашиот Господ Исус.