3 Јас, пак, иако со телото не сум кај вас, а само со духот, веќе го осудив, како да сум меѓу вас, оној што го направил тоа.
4 Во името на нашиот Господ Исус Христос, кога ќе се соберете вие и мојот дух, со силата на нашиот Господ Исус Христос,
5 да го предадете на сатаната, за погубување на неговото тело, та духот негов да биде спасен во денот на нашиот Господ Исус.
6 Вашето фалење не е добро. Не знаете ли дека малку квас го потквасува целото тесто?
7 Затоа, исчистете го стариот квас, та да бидете ново тесто, како што сте бесквасни; зашто Христос, Пасхата наша, беше жртвувана за нас.
8 Па да празнуваме не со стар квас, ниту со квас од злоба и лукавство, туку со пресни лебови во чистота и вистина.
9 Ви пишав во писмото свое – да не се мешате со луѓе што блудствуваат,