1 Коринтјаните 5:5-11 MK2006D

5 да го предадете на сатаната, за по­гу­бување на неговото тело, та духот негов да биде спасен во денот на нашиот Гос­под Исус.

6 Вашето фалење не е добро. Не зна­ете ли дека малку квас го потквасува целото тесто?

7 Затоа, исчистете го стариот квас, та да бидете ново тесто, како што сте бесквасни; зашто Христос, Пасхата наша, беше жртвувана за нас.

8 Па да празнуваме не со стар квас, ниту со квас од злоба и лукавство, туку со пресни лебови во чистота и вистина.

9 Ви пишав во писмото свое – да не се мешате со луѓе што блудствуваат,

10 но не и воопшто со блудниците од овој свет, или со користољупци, или со грабачи, или со идолопоклоници, заш­то, инаку, би требало да излезете од овој свет.

11 Но сега ви пишувам да не се дру­жи­те со оној кој, нарекувајќи се брат, си останува блудник, или користољубец, или идолопоклоник, или хулник, или пијаница, или грабач; со таков дури и да не јадете.