12 „Сѐ ми е допуштено!“ Но не е сѐ полезно: „Сѐ ми е допуштено!“ Но ништо не сакам да завладее над мене.
13 Храната е за стомакот, а стомакот за храната; но Бог и неа и него ќе ги уништи. Телото, пак, не е за блудство, а за Господ, а Господ – за телото.
14 А Бог и Господа Го воскресна, и нас ќе нѐ воскресне со силата Своја.
15 Зар не знаете дека телата ваши се делови од Христа? Ќе ги земам ли деловите од Христа и да ги направам делови на блудница? Тоа никако!
16 Или, пак, не знаете дека оној, кој со блудница се соединува, станува едно тело со неа? Зашто е речено: „Обата ќе бидат едно тело.“
17 А кој се соединува со Господ, еден дух е со Него.
18 Бегајте од блудството! Секој грев, што го прави човекот, е надвор од телото, а блудникот греши против своето тело.