17 А кој се соединува со Господ, еден дух е со Него.
18 Бегајте од блудството! Секој грев, што го прави човекот, е надвор од телото, а блудникот греши против своето тело.
19 Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој живее во вас и ни е даден од Бога и дека не припаѓате само на себе?
20 Зашто скапо сте платени. Затоа прославете Го Бога во своите тела и во своите души, кои се Божји.