1 Коринтјаните 7:34-40 MK2006D

34 Тука е разликата меѓу жената и де­војката. Немажената жена се грижи за Господови работи – како да Му угоди на Господа, за да биде света со телото и со духот; а омажената се грижи за светов­ни работи – како да му угоди на мажот свој.

35 Ова ви го зборувам за ваша корист, не да ви поставам стапица, туку при­мерно и непречено да бидете приврзани на Господ.

36 Ако некој мисли дека е срамно де­вицата негова да му остане таква во напредната возраст, тој нека прави како сака; нема да погреши; таквите нека се мажат.

37 А кој е тврд во срцето свое и нема потреба, а има власт над својата волја, па реши во срцето свое да ја зачува својата девица, тој добро прави.

38 Така оној, кој ќе ја омажи својата девица, добро прави; а оној, што нема да ја омажи, подобро прави.

39 Жената е врзана додека е жив ма­жот нејзин; а ако умре мажот нејзин, таа е слободна да се премажи за кого са­ка, но само во името на Господ.

40 Само, поблажена е ако си остане та­ка, според моето мислење; а мислам де­ка и јас имам Дух Божји.