10 Зашто ако некој те види тебе, што имаш знаење, како седиш на трпеза во идолопоклонички храм, нема ли неговата совест, бидејќи е нејак, да биде поттикната да јаде идолски жртви?
11 И покрај твоето знаење ќе пропадне нејакиот, братот за кого умрел Христос.
12 И така, грешејќи против браќата и ранувајќи ја нивната нејака совест, вие грешите против Христа.
13 Затоа, штом храната го соблазнува мојот брат, тогаш нема никогаш да јадам месо, за да не го соблазнувам својот брат.