21 Но, сето ова ќе ви го прават заради Моето име, зашто не Го знаат Оној Кој Ме испрати.
22 Да не бев дошол и да не им бев зборувал, грев немаше да имаат. Но сега немаат изговор за својот грев.
23 Кој Ме мрази мене, Го мрази и Мојот Отец.
24 Ако не бев направил меѓу нив дела, какви што никој друг не направил, грев немаше да имаат; а сега и видоа, и Ме замразија Мене и Мојот Отец.
25 Но нека се изврши словото напишано во нивниот Закон дека Ме замразија и без вина.
26 А кога ќе дојде Утешителот, Кого што ќе Го испратам Јас од Отецот, Духот на Вистината, Кој излегува од Отецот, Тој ќе сведочи за Мене;
27 а и вие ќе сведочите, бидејќи од почетокот сте со Мене.“