7 Ако останете во Мене, и зборовите Мои останат во вас, тогаш, што и да посакате, барајте и ќе ви биде.
8 Со тоа ќе се прослави Мојот Отец: да носите многу род и да бидете Мои ученици.
9 Како што Ме возљуби Отецот, и Јас ве возљубив вас. Останете во Мојата љубов!
10 Ако ги запазите Моите заповеди, ќе останете во љубовта Моја, како што Јас ги запазив заповедите на Мојот Отец и останувам во љубовта Негова.
11 Ова ви го реков за да остане радоста Моја во вас и радоста ваша да биде полна.
12 Ова е Моја заповед: да се љубите еден со друг, како што ве возљубив Јас.
13 Никој нема поголема љубов од оваа: да ја положи душата своја за своите пријатели.