21 Жена, кога раѓа, има болки, зашто ѝ дошло времето нејзино; но штом ќе го роди детето, од радост не ги помни веќе болките, зашто се родил човек на светот.
22 Па така и вие, сега сте нажалени; но Јас пак ќе ве видам, и ќе се зарадува срцето ваше, и радоста ваша никој нема да ви ја одземе;
23 и во тој ден нема да Ме прашувате за ништо. Вистина, вистина ви велам: што и да посакате од Отецот, во Мое име, ќе ви даде.
24 Досега ништо не сте барале во Мое име; барајте и ќе добиете, за да биде радоста ваша полна.“
25 „Ова во параболи ви го кажав; но ќе дојде час кога нема веќе во параболи да ви зборувам, туку откриено ќе ве известам за Отецот.
26 Во тој ден ќе побарате во Мое име, и не ви велам дека Отецот ќе го помолам за вас;
27 бидејќи Отецот Сам ве љуби, зашто вие Ме возљубивте и поверувавте дека Јас сум излегол од Бога.