7 Но Јас вистината ви ја кажувам: подобро е за вас Јас да си отидам, зашто, ако не си отидам, Утешителот нема да дојде кај вас; ако, пак, заминам, ќе ви Го пратам.
8 А Тој, кога ќе дојде, ќе го изобличи светот за грев, и за правда, и за суд:
9 за грев – дека не веруваат во Мене;
10 за правда – оти Јас си одам кај Својот Отец, и веќе нема да Ме видите;
11 а за суд – зашто кнезот на овој свет е осуден.
12 Имам уште многу да ви кажувам, но сега не можете да носите.
13 А кога ќе дојде Тој, Духот на Вистината, ќе ве упати во сета вистина; но од Себе нема да зборува, туку ќе говори што чуе, и ќе ве извести за она што доаѓа.