2 како што си Му дал власт над секое тело, та на сѐ што си му дал, да му даде вечен живот.
3 А животот вечен е тоа, да Те познаат Тебе Единиот вистински Бог, и испратениот од Тебе Исус Христос.
4 Јас Те прославив на Земјата; го извршив делото, што си ми го дал да го извршам.
5 И сега, прослави Ме Ти, Оче, во Тебе Самиот, со славата што ја имав во Тебе уште светот пред да настане.
6 Го објавив името Твое на луѓето, што си Ми ги дал од светот; тие беа Твои, и Ти Ми ги даде, и го запазија Твоето слово.
7 Сега разбраа дека сѐ што си Ми дал, е од Тебе;
8 зашто зборовите што си Ми ги дал им ги предадов и тие ги примија и разбраа навистина дека од Тебе сум излегол, и поверуваа дека Ти си Ме пратил.