17 Тогаш слугинката вратарка му рече на Петар: „Да не си и ти од учениците на Овој Човек?“ Тој рече: „Не сум.“
18 А слугите и стражарите беа запалиле оган и стоеја, па се грееја, зашто беше студено. А и Петар беше со нив, стоеше и се грееше.
19 Првосвештеникот, пак, Го праша Исуса за учениците Негови и за Неговото учење.
20 Исус му одговори: „Јас му зборував на светот јавно; Јас секогаш поучував во синагогата и во храмот, каде што секојпат се собираат Јудејците, и тајно ништо не сум зборувал.
21 Зошто Ме прашуваш Мене? Прашај ги оние кои слушале што сум зборувал; тие знаат што сум говорел.“
22 Кога Тој го рече тоа, еден од слугите, кој стоеше близу, Го удри Исуса по образ и рече: „Така ли му одговараш на првосвештеникот?“
23 Исус му одговори: „Ако реков нешто лошо, докажи го лошото; ако ли, пак, добро – зошто Ме удираш?“