26 Еден од слугите на првосвештеникот, што му беше роднина на оној кому Петар му го беше отсекол увото, рече: „Нели те видов и тебе во градината со Него?“
27 А Петар пак порекна; и веднаш запеа петел.
28 И Го поведоа Исуса од Кајафа во преторијата. Но беше утро, и тие не влегоа во преторијата, за да не се осквернат, за да можат да ја јадат Пасхата.
29 Тогаш излезе Пилат пред нив и рече: „Какво обвинение изнесувате против Овој Човек?“
30 Одговорија и му рекоа: „Ако Тој не беше злосторник, немаше да ти Го предадеме!“
31 А Пилат им рече: „Земете Го вие и судете Му според вашиот закон!“ Јудејците му рекоа: „Нам не ни е дозволено да погубуваме никого“,
32 за да се исполни зборот Исусов, што го рече, кажувајќи со каква смрт ќе умре.