28 И Го поведоа Исуса од Кајафа во преторијата. Но беше утро, и тие не влегоа во преторијата, за да не се осквернат, за да можат да ја јадат Пасхата.
29 Тогаш излезе Пилат пред нив и рече: „Какво обвинение изнесувате против Овој Човек?“
30 Одговорија и му рекоа: „Ако Тој не беше злосторник, немаше да ти Го предадеме!“
31 А Пилат им рече: „Земете Го вие и судете Му според вашиот закон!“ Јудејците му рекоа: „Нам не ни е дозволено да погубуваме никого“,
32 за да се исполни зборот Исусов, што го рече, кажувајќи со каква смрт ќе умре.
33 Тогаш Пилат повторно влезе во преторијата, па Го повика Исуса и Му рече: „Ти ли си Царот Јудејски?“
34 Исус му одговори: „Сам ли го зборуваш тоа или други ти кажаа за Мене?“